ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа посилна од лидерот – Мазари играч на натпреварот (ФОТО)

Се исплати борбеноста на прилепчани!

480

Победа тргна офанзивно против Струга и  заслужено го доби првиот дел. Гостинот инфериорен и без некоја доминантна офанзива на противничката половина.Без респект кон противникот црвено белите имаа неколку зрели шанси за погодок ,особено Мазари кој успеа да промаши нешто што никако и не се промашува ,кога Китаноски го спаси својот гол и ја фати жива топката која сите на трибините ја видоа во неговата мрежа, во 17-та минута. Победа мудро ја искористи незаинтересираноста на гостите за надигрување и го отвори резултатот во 31 минута , голот дело на Мазари , најопасниот кај црвено белите.

На почетокот на  вториот дел стружани се обидоа на два пати да профитираат пред голот на Победа но не успеаа во тоа , пред се, ударот на Ибраими од слободен кој заврши покрај голот.

На играта која следуваше , без многу шанси и на двете страни , дојде и нов  шок за Струга Трим Љум , кога домаќините ја измешаа одбраната на гостите а Мазари во 81-та минута погоди за 2:0.

На крилата на прилепската публика , Победа го “стаписа” противникот на градски и заслужено стигна до нови бодови.

 

 

 

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе