ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа почна со подготовките

96

Фудбалерите на Победа официјално ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Тимот и оваа година ќе го предводен Јане Николоски и Стојанче Дунимаглоски, а новости има во управниот одбор на клубот, каде нов технички директор е Никола Трајкоски, кој е претседател на клубот „Победа“ во мал фудбал.

Засилувањето, пак, во тимот доаѓа со битолчанецот Мартин Андоновски, кој пристигна од Кожуф, иако деновиве се очекуваат и нови засилувања.

Победа планира да одигра неколку пријателски мечеви како контролни тестови пред почетокот на новата второлигашка натпреварувачка сезона со Борец, Вардар Неготивно, Беласица, Брегалница , а во игра се уште два датуми за тест-натпревари кои веројатно исто така ќе бидат пополнети пред почетокот на сезоната,  „кој ќе биде познат со ждрепката во ФФМ во првата половина на август“  пишува https://shampion.mk/

ИНТЕРЕСНО! Следете ги информациите и на интернет радиото од РАДИО ПЕЛА https://live.mkdstream.com/public/radiope секој работен ден за најновите случувања од Пелагонија во ударните вести „Пелагониска хроника“ во 16,30 часот

ВЕСТИ:  7,30 ,10,30 , 14,30 ,16,30, 18,30

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе