CSS Template

Победа убедлива против Братство (ВИДЕО)

104

На стадионот на Могилата во вториот пријателски натпревар во подготвителниот период попладнево, Победа го декласира новиот второлигаш Братство од Житоше со резултат 7-0, полувреме 5-0. Ова беше втор пријателски натпревар на Победа. Гостите се покажаа како недораснат противник , особено во првите 45 минути. Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите расположиви фудбалери кои се во тренажен процес. Стрелци на головите за Победа:1-0 (17 мин) Давид Јошески(од слободен удар);2-0 (19 мин) Даниел Карчески;3-0 (21 мин) Даниел Карчески;4-0 (37 мин) Кисески-Илијоски;5-0 (45 мин) Бојан Спиркоски;6-0 (51 мин) Дарко Ангелески (од пенал);7-0 (56 мин) Кисески-Илијоски.Победа прво полувреме:Столевски, Петкоски, Стомнароски, Кукески, Кисески, Карчески (капитен), Ангелески, Момироски, Јошески , Најдов и Б.Спиркоски. Во вториот дел уште играа: Котевски, Неделков, Алимоски, Поп-Антоски, Митрески, С.Спиркоски, Дебрешлиоски и Ф. Спиркоски. Наредниот трет пријателски натпревар Победа ќе го одигра на 22-ри јули против Беса во Гостивар.


Vivafarm