ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победничка премиера на РК Прилеп

40

Во премиерното коло од новата сезона на македонската Суперлига ракометарите на Прилеп победнички стартуваа против Бутел со 28-27 на домашен терен. Предводени од прилепчанецот и довчерашен тренер на РК Прилеп Горан Кузманоски, гостите од Скопје одлично го отворија натпреварот и брзо стигнаа до предност од три гола (6-9) и на полувреме заминаа со позитива од 11-13. Паузата домашните ракометари ја искористија за консолидација и договор, така што во второто полувреме и на десет минути до крајот на натпреварот успеаја да изедначат (23-23). Во финишот со голот на Рајатоски ракометарите на Прилеп прославија голема победа пред своите навивачи од 28-27. Томислав Квастек со шест гола кај домашните и Димитар Ѓеоргиевски исто така со шест гола беа најдобрите стрелци. Следното коло на 16 септември, сабота, РК Прилеп се среќава со Пролет во Скопје.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе