СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ПОВТОРНО РОЗИ ЗА ТОШЕ НА ПАТОТ ДО НЕГОВОТО ВЕЧНО ПОЧИВАЛИШТЕ

Четиринаесет годишнина од смртта на Тоше Проески

1.182

Во сабота, (УТРЕ) на  16-ти октомври, во 12,оо  часот да излеземе сите и традиционално како и секоја година, со рози во рацете, да ги пречекаме маратонците, кои секоја година неуморно трчаат во чест на нашиот ангел Тоше „ – повикаа учениците од СОУ Наум Наумоски – Борче,  кои веќе четири години  се организатори на пречекот на маратонците со рози  и НАПИШАА  со големи емоции  „четиринаесет годишнината од смртта на нашиот Тоше –  една роза, безброј полни срца!  Дојдете и оживејте го духот на нашиот ангел.„

 

И, оваа година почитувачите на Тоше Проески, на 16-ти октомври ќе ги пречекаат маратонците во неговото родно Крушево. Учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески, од Нова Градишка до Крушево ќе пристигнат околу 12,оо  часот и ќе бидат пречекани со рози на патот.

Организаторот, СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локалениот младински совет – Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани, набавија рози за достоинствен пречек на спортистите. Розите, ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до вечното почивалиште на Тоше.

 

 

Ова е четврта година по ред,  да на ваков начин се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички, граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Инаку, ултрамаратонот се одржува по четрнаести  пат. Започна неколку години по смртта на Тоше, македонската и балканска музичка легенда, кој на 16-ти октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа загина на автопатот близу Нова Градишка, Хрватска

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе