ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пожар кој пламнал поради запалена сува трева можел да биде “фатaлeн“ за една прилепска фабрика и противпожарно возило

425
Пожарникарите успеал да интервенираат навремено и да ја спасат фабриката и околните објекти во реонот каде што бил пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Преку 112 во ЦУК, добиен е повик за опасен пожар во Прилеп, а освен што координирале за негово гаснење, вработени од Регионалниот центар отишле и на лице место. Горела сува трева, но, заради ветерот и близината на индустриски објекти, постоела голема опасност, пожарот да се прошири и да ја зафати фабриката „Орион инженеринг“, а и други околни објекти, појаснија од ЦУК.

 

Пожарот бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп, на кои што им се приклучиле и вработени од објектите во регионот.

– Противпожарната единица интервенирала со сите расположиви пожарникари  и противпожарни возила, на кои им помагале и вработените од околните индустриски објекти. Пожарот прво е локализиран, а потоа почнало етапно да се дејствува на догасување на можните жаришта од коишто уште чадело и жарело, за да не дојде до повторно активирање на пожар, заради присутните ветер и жештина, информираа од ЦУК.

Огненот зафатил и едно противпожарно возило. Но, засега нема информации дали и колку  возилото е  оштетено.

 

Пишува : https://www.vecer.press/

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе