ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Полициска хроника: Опажарено возило и нападнато лице од повеќмина на ул. „Мице Козар„

Полициски билтен

345

На 13.05.2022 во Полициска станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во
Прилеп настанал пожар во патничко моторно возило “Форд Фокус“ со прилепски регистарски
ознаки сопственост на О.М (42) од Прилеп. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

хххххххх

На 12.05.2022 во ОВР Прилеп И.П.(46) од Прилеп, пријавил дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, по
претходна расправија бил физички нападнат од С.К.(51) од Прилеп. Во врска со случајот С.К.
пријавил дека на ул.Мице Козар бил физички нападнат од неколку лица.  Се преземаат мерки за
расчистување на настанот.

ххххххххх

На 12.05.2022 во ОВР Прилеп , 54-годишна жена од Прилеп пријавила дека нејзиниот син Б.Ч.(35)
физички ја малтретирал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе