ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Положено цвеќе пред бистите на народните херои Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски

79

По повод одбележувањето на 9 мај денот на загинувањето на двајцата прилепски херои , Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски, учесници во НОВ, денеска делегации од училиштата кои го носат името на хероите, грдоначалникот на Прилеп и преставнци од советот на Општина Прилеп, преставници од Боречката организација -Прилеп и граѓани положија цвеќе на нивните бисти. По повод патроните празник и во двете училишта учениците подготвија пригодна програма.

Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане пред 78 години херојски ги положиле животите во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија. Биле предадени и убиени во заседа на бугарската полиција на 9 ти мај 1944 во куќата каде го одржувале партискиот состанок. Куќата била запалена, но борците продолжиле храбро да стрелаат од неа и покрај пламенот. Паралелно тие пееле и извикувале разни антифашистички пароли. Волнароски, откако сфатил дека во пожарот ќе се сруши кровот, истрчал низ вратата сакајќи да го пробие обрачот, но бил покосен пред самиот праг на куќата. Гаврилоски најверојатно се самоубил пред да биде проголтан од огнените јазици во пламената куќа, тој последниот куршум го чувал за себе.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе