ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПОПИС 2021: Прилеп „падна“ под 70 илјади жители, а Скопје „порасна“

761

Државниот завод за статистика ги објави официјалните резултати од пописот кој што беше спроведен во септември 2021 година. Според официјалните резултати општина Прилеп бележи намалување на резидентното население, споредбено со двата пописи во 1994 и 2002 година:

Попис 1994 –  76.166 Општина Прилеп со општините Мариово и Тополчани

Попис 2002 година – 76.768 Прилеп заедно со општините Мариово и Тополчани

Попис 2021 година –  69.025 Прилеп  

Општина Прилеп бележи намалување на резидентното население за 7.743  жители

 

Во споредба со Прилеп, Скопје бележи пораст на резидентното население во Скопје живеат 526 502 жители, што споредбено со пописот од 2002 година е за 19 576 лица повеќе, кога во Скопје живееле 506 926 граѓани. 

Инаку, вкупното резидентно население на Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи.

Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % – се во возрасната група од 40-44 години.

Официјалните резултати тука

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе