ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Починала 35 годишна родилка во прилепската болница

1.234

На 10 јануари почина 35 годишна родилка од Црнилиште,  во прилепската градска болница „Борка Талески„ – Прилеп.  Жената била донесена со породилни болки и било интервенирано во гинеколошкото оделение во Прилеп утрото околу 4 ,оо часот , но по породувањето на здраво дете , таа  починала и покрај напорите на лекарите да ја вратат во живот. Но,по починуваето  не е направена обукција на телото, па денеска е напраена обдукција на лице место, бидејќи прилепското Основно јавно обвинителство денеска издаде наредба за ексхумација на телото на 35-годишна родилка од селото Црнилиште.

Според основната јавна обвинителка Маријана Илиеска обдукцијата е на лице место за да се избегнат тензии.

-За да нема отпор и тензии меѓу населението на селото Црнилиште екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направија обдукција на лице место. Обвинителството реагираше по допрен глас, изјави Илиеска.

На жената ова и било трета рожба. Мајката имала уште две деца, едно на 7 годишна возрст и друго на 10 годишна возраст.

Нејзините најблиски, по смртта на родилката го подигнале телото од болницата и не дозволиле да се изврши обдукција, при што, не се познати причините за настанувањето на смртта, неофицијална дознаваме  од членови на најблиското семејесто на починатата родилка.

Прилепското основно јавно обвинителство ќе го чека наодот од обдукцијата на родилката.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе