ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почина Пеле бразилскиот крал на фудбалот

177

Пеле, бразилскиот крал на фудбалот кој освои рекордни три титули на светските првенства и стана еден од најпопуларните спортисти на 20. век, почина денеска на 82 години.  Легендарниот фудбалер се лекуваше од рак на дебелото црево од 2021 година. Смртта ја потврдил неговиот агент Џои Фрага.

Пеле се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација. Вкупната бројка на голови во кариерата на Пеле се движи од 650 до 1.281, во зависност од изворите.
Во дебатите за најдобар фудбалер на сите времиња, неговото име се споменува во конкуренција на Диего Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе