ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почина Ферус Мустафов “кралот на ромската музика„ и виртуозот на саксафон и кларинет

56

По кратко боледување, македонскиот кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов почина  денеска на 72-годишна возраст. Мустафов доживеал масивен мозочен удар на 26 април и бил во кома. Починал по речиси еден месец лекување,  во Градската општа болница „8-ми септември“.

Иако, првично било објавено дека кралот на ромската музика ќе биде погребан во Штип, бидејќи тоа било негова желба, да почива во градот каде е роден, тој сепак ќе биде погребан ,утре ,во Скопје, на гробиштата во Камник, пренесува „ММС“ по контактот со семејството. Погребот е закажан за 14 часот, бидејќи многу негови пријатели од странство, се јавиле и сакале да дојдат на последното испраќањена Ферус

Ферус Мустафов е роден во Штип, а љубовта кон музиката ја наследил од неговите татко и мајка и ја негувал уште од мали нозе, за подоцна да прерасне во виртуоз на саксафон и кларинет. Ферус бил инспирација за многу генерации млади музичари, кои тежнеат да создадат богата музичка кариера,велат неговите колеги.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе