ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почна штрајкот на УЈП- секој ден од 10 до 12 часот шалтерите нема да работат

64

Почна штрајкот на вработените во УЈП. Секој ден од 10 до 12 часот нема да ги извршуваат своите работни задачи, се до одржување на генералниот штрајк. За две недели се очекува целосна блокада на институцијата.

Гласот го кренаа и во Царина кои за утре на пладне најавија предупредувачки протест, а не исклучија и целосно затворање на граничните премини. Вработените во овие сектори трвдат дека платите со години им тапкаат во место, а никогаш не им бил исплатен ниту додатокот на плата од 30% кој им следува според колективниот договор.

Револтот на вработените во УЈП и Царина следи откако зголемени плати за 30% добија само вработените кај Бесими, а не и овие две институции кои се под капа на финансии.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе