СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Првата седница на Советот во нов состав- отворена за јавноста

470

Утре, 28.10.2021 година (четврток), со почеток во 12.00 часот во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи конститутивна седница на Советот на општината. На седницата се пет точки на дневниот ред за верификација на мандатите на новите членови на Советот, согласно изборните резултати.

Седницата ќе биде отворена за јавноста и според известувањето од Општина Прилеп до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на конститутивна седница на Советот на Општина Прилеп, заради здравствена заштита да ги почитуваат протоколите за заштита од КОВИД 19.

Советот на Општина Прилеп има вкупно 27 советници, а во новиот состав според изборните резултати 15 членови се од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, 10 членови од редовите на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и 2 советници од партијата Левица. Седмиот состав на Советот  на општина Прилеп е најмладиот досега.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе