CSS Template

Премиерот Заев да ги исполни ветувањата, повикуваат тутунарите

240

Во име на четирите новоформирани тутунски здруженија Жолто тутунско злато, Тутунари земјоделци,Тутунарска мака и Тутунари земјоделци, координаторот Игор Мирчески, денеска испрати отворено писмо до премиерот Зоран Заев, во кое се бара исполнување на ветувањата кои што им биле дадени на тутунарите уште во декември, лани за време на преговорите и изнаоѓање на решенија во откупот. Воедно, во писмото се наведува и тутунарите потсетуваат за начините како да се достигне просечната цена од 180 до 185 денари за кгр. Писмото го објавуваме во целост:

„Сведоци сме сите дека заврши една тешка и мачна година за нас тутунарите.Имајќи во предвид дека се најдуваме во здраствена и економска криза,а ние како тутунопроизводители се соочивме и со тутунска криза од која пак произлезе финансиска криза за нас тутунарите. Иако се организираа безброј средби и обиди да се намалат проблемите со откупот кои од самиот старт почна со проблеми и така се провлече низ целиот рок на откуп, да на крај заврши со една невидена плјачка врз тутунарите со цени и одбитоци по килограм срамни и незапаметени последните години. Целта на ова наше отворено писмо до вас е да ве потсетиме на состанокот во владата кој го имавме со вас и со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на која ВИЕ НЕ УВЕРУВАВТЕ ДЕКА ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА ЌЕ ДОСТИГНЕ ОД 180 ДО 185 ДЕНАРИ. Ве потсетуваме на прашањето кое беше поставено до ВАС од страна на нашиот координатор господинот Игор Мирчески:”Што ако не се достигне таа цена бидејќи нашите пресметки се дека ни приближно нема да се дојде до тој просек,,

ВАШИОТ ОДГОВОР БЕШЕ ДЕКА ВИЕ КАКО ВЛАДА ЌЕ СЕ ОБВРЗЕТЕ И ЌЕ НАЈДЕТЕ НАЧИН И ФОРМА КАКО ДА ЈА ДОПЛАТИТЕ ТАА РАЗЛИКА АКО СЕ ПОЈАВИ ПОНИСКА ПРОСЕЧНА ЦЕНА Почитуван, во моментов според податоците на МЗШВ просечната цена според ИСЕТ системот е 159 денари. Па затоа ние тутунарите ве повикуваме да си држите до зборот и да ни ја доплатите таа разлика која лично ВИЕ НИ ЈА ВЕТИВТЕ.

Вредно е тука да се спомене дека одлуката која ја донесовте да тутунарите влезат во 5 ти КОВИД пакет со симболична подршка сепак е за поздравување и БАРАМЕ да средствата од овој пакет мерки како и субвенциите за предаден килограм тутун се исплатат на тутунарите во најитен рок На крај ние тутунските здруженија БАРАМЕ од вас да ја поддржите идејата за субвенција од 90 денари по сите класи за да се излезе на пресрет на ниската откупна цена во изминатата откупна реколта и барањето кое неодамна го упативме до владата да организира јавна трибина на која отворено ќе се разговара за проблемите со тутунопроизводството.“, се вели во отвореното писмо од Мирчески во име на четирите тутунски здруженија.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm