ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските пензионери не се откажуваат, бараат правда!!!

662

Мирно и достоинствено и денеска прилепските пензионери маршираа и протестираа барајќи правда и почит за нивниот вложен минат труд, интелигенција и возрасна категорија. Велат дека државата е таа што треба да го реши проблемот, бараат линеарно зголемување на пензиите бидејќи примањата не стигнуваат ниту за најосновните животни потреби.

„Прескокнуваме оброци за да можеме да преживееме во месецот,“ посочуваат тие, револтирани од односот на функционерите кон нив, кои ги носат одлуките и во крајна линија животите им зависат од тоа. Бараат наместо 3 500 денари, како што пред 2 месеца ги започнаа протестите, линеарно покачување од 5 илјади денари бидејќи инфлацијата си го стори своето. Не се согласуваат со процентуалното зголемување, бидејќи како што велат, тие што имаат најниски пензии со процентуалното покачување нема да добијат пари ниту за леб во текот на месецот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе