ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ 21 МЕСТО ПОГОРЕ ОД СТАРТНАТА ПОЗИЦИЈА

354

На Европскиот поединечен шампионат во Брежице, Словенија, настапија шестмина шахисти од Македонија, меѓу нив прилепскиот фидемајстор Роберт Велески. Тој го освои 243. место на конечната табела, што е за 21. место подобрување во однос на стартната позиција. Поените (4,5) му припаднаа преку пет порази (ВМ Володимир Ветошко од Украина, ФМ Нилс Рихтер од Германија, ФМ Том Огорман од Ирска, ИМ Федерико Манца од Италија, ФМ Мај Зилкербах од Словенија) трите ремија (ФМ Шрејс Ројал од Англија, Ник Јаворник од Словенија, ФМ Роландас Мартинкус од Литванија), и трите победи (Зафрир Пат од Израел, Маркус Златанович од Словенија, ФМ Давид Гершковиќ од Израел).

Останатите од Македонија во конкуренција на 317 учесници од 40 држави го постигнаа следниот пласман: 153. место ФМ Емил Ристески (на стартот 177.), 233. Антон Златков (278.), 238. Филип Михов (229.), 274. Хедон Мифтари (297.), 306. ВМ Кирил Георгиев (73.), кој не ги одигра последните четири партии. Европски шампион е ВМ Матијас Блубаум од Германија со 8,5 поени.

Извор: www.shampion.mk

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе