СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ПРИЛЕПЧАНЕЦ НЕ И ДОЗВОЛИ НА ПОБЕДА ДА ПОБЕДИ

523

ФУДБАЛ: Втора лига – Исток: Победа- Саса 1:1.

Динамично фудбалско второлигашко дерби беше Победа – Саса (1:1), на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Домашните, бодрени од околу 3000 гледачи, имаа повеќе од играта и први постигнаа гол. Во 58. минута, по изведен корнер оддесно, неодбранливо во гостинската мрежа шутираше Филип Стомнароски за 1:0.

Се чинеше дека Победа в раце ги има трите бода, но во 84. минута гостите израмнија. По нафрлена топка оддесно, од близина со глава во аголот погоди Филип Димоски за 1:1. Се работи за прилепчанец во редовите на Саса.

На останатите мечеви: Осогово – Братство Житоше 2:0, Локомотива – Слога 1:2, Детонит – Кожуф 0:0, Беласица – Кит-Го 3:0. ТАБЕЛА: Слога 9, Беласица, Саса и Победа 7, Кожуф 4, Кит-Го и Осогово 3, Братство и Детонит 1, Локомотива 0. ИДНО 4. КОЛО: Братство – Кит-Го, Слога – Победа, Кожуф – Беласица, Саса – Детонит, Осогово – Локомотива.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе