ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани прашуваат: Која е цената на човечкиот живот?! (ВИДЕО)

Се одржа третото судско рочиште по барањето за времена мерка за прекин на ископ кај Оревоец

865

Во Основниот суд Прилеп, денеска, час и пол траеше судското рочиште, по барањето од група граѓани за изрекување на времен прекин на градежните активности на Бехтел и Енка кај селото Оревоец. На ова трето по ред рочиште, за прв пат беа присутни правни застапници на ЈП за државни патишта и од конзорциумот Бехтел и Енка. Група граѓани нестрпливо го очекуваа  исходот пред судот, а дел беа присутни и во судницата. По завршување на рочиштето застапниците на ЈП државни патишта и на Бехтел и Енка ги одминаа новинарите.

Пресуда денеска не беше изречена, а според Жарко Стеваноски, застапник на групата граѓани кои бараат времен прекин, се очекува исходот да биде познат на почетокот од наредната недела.

Жарко Стеваноски

– Пред неколку денови преку судот добивме обемна документација од ЈП ДП и Бехтел и Енка која за жал од проучувањето на содржината запрепастувачки се утврди дека реализацијата на овој проект е повеќе од криминална, на штета на здравјето на граѓаните. Во тој дел би посочил само неколку акти кои ги преземал министерот за животна средина, директор на ЈП за државни патишта, министерот за транспорт и врски: Во текот на 2019 та година, па се до 2023 та година, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во неколку наврати носел одлуки заради утврдување дека нема потреба да се изготви студија за животната средина, кое што е прифатено од министерството за животна средина, за да во април 2024 година по опочнување на неготувањето од населените места: Беровци, Каракамен, Оревоец и Плетвар да додесе решение со кое се утврдува потребата и му се наложува на Јавното претпријатие за државни патишта да изготви таква студија за влијанието врз животната средина. Реализацијата на проектот е започната, а таква студија не е сеуште утврдена. Го повикуваме уставниот суд што поскоро да се произнесе по иницијативата за оценување на уставноста на проектот и ископите, вели адвокатот Стеваноски.

Тоа е само дел од материјалите кои треба да ги поседуваат ЈП ДП и Бехтел и Енка, посочува Стеваноски, а покрај тоа немало сообраќајна согласност од Општина Прилеп, отсуствувал главен рударски проект кој треба да ги содржи плановите за минирање на просторот, немало соодветни лиценци за изведување на активностите. Со селективноста во приложената документација сомнежот е дека целта е да се одолговлекува постапката.

Граѓаните директно засегнати со проблемот не се откажуваат од блокадите и протестите, прашуваат:  Колкава е цената на човечкиот живот?

Рубин Рујаноски, Дејан Ачкоски

– Незадоволни сме од адвокатите на Бехтел и Енка. Тие побараат само да ја кажеме нашата материјална штета, но тие не ја гледаат нематеријалната штета. За нив е поважно да не’ исплатат нас! А нематеријалната штета е голема: ни се загади воздухот, почвата, пробија еден извор со вода, вршат рересија врз селаните идат снимаат, провоцираат, едноставно сакаат да стане кавга за негативен публицитет на нашите протести. Од протестите не се откажуваме и понатаму ќе протестираме се’ до завршување на судскиот спор, вели Рубин Рујаноски, тужител, жител на Оревоец.

Граѓаните се скептици колку новата централна власт ќе ги заштити и дали правдата ќе биде на нивна страна. Велат дека планината не ја даваат, оти е прва заштита за Оревоец, а втора заштита е за Прилеп.

– „На еден лош и непрофесионален начин Бехтел и Енка ни го порачаа следново: ние ќе ве силуваме на секој начин, а вие после барајте материјална и нематеријална штета! Тие веројатно се чувствуваат толку моќни и силни што можат да ни ја платат. Но, која е цената на нашите животи?! “ прашува Дејан Ачкоски кој што бил сведок на судењето и упати порака да престане репресијата која што се случувала врз месното население и граѓаните на блокадите секојдневно.

Протестите кај базата за ископ на градежен материјал кај Оревоец се започнати од крајот на април годинава. Во континуитет секојдневно граѓаните го блокираат локалниот пат не дозволувајќи со тешката механизација на Бехтел и Енка да се врши ископ на градежен материјал – тампон за потребите на изградба на коридорите 8 и 10д.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе