CSS Template

Прилеп втора општина по број на активни случаи

420

Во општина Прилеп за периодот од 22 до 28 февруари 2021 година, од Центарот за јавно здравје информираат дека имало 315 нови случаи на Ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале 10 лица. Бројот на активни случаи изнесува 658, што е според бројот, втора општина по Скопје во земјава. Моментално, 75 лицa се наоѓаат на болничко, 499 на домашно лекување, а 84 се лекуваат во дневната болница. Во домашна изолација и самоизолација заклучно со денеска се наоѓаат 470 лица.

Дополнително, од Центарот за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата евидентирани се 8 случаи на реинфекција со вирусот Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.431, а од вирусот починале 264 лица.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni