ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп го одбележа Меѓународниот Ден на Ромите

29

Меѓународен ден на Ромите, 8-ми Април  Прилеп го одбележа со неколку активности . Најпрвин, традиционлано, беше подигнато знамето на Ромите на јарболот пред општинската зградта, во присуство на преставници од ромската заедница и локалнатаа самоуправа, а во градската библиотека “Борка Талески“ беше организирана продажна изложба на ликовни дела  „Ромска традиција и симболи“ кои ги изрботија  ученици, наставници и родителите ,како и  турнир во мал фудбал во ООУ „Добре Јованоски“.

„ Меѓународен ден на Ромите е ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите„- истакна претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

„ Како локална самоуправа имаме план да се насочиме кон подобрување на квалитетот на животот и образованието и инклузија во сите сфери на општеството. Се со цел да обезбедиме подобри услови за развој и интеграција на нашите сограѓани Роми и нивната социјална и економска состојба“  посочи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски , кој оствари средба со преставници од ромската заедница во неговиот кабинет.

Осми април се одбележува во целиот свет, во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 7 до 12 април 1971 година во Лондон, каде што се сретнаа претставници на Ромите од  14 земји во светот. На конгресот биле усвоени најважните одлуки, како што се ромското знаме и официјалната химна. Сината и зелената боја на знамето ги симболизираат небото и земјата, а црвеното тркало ги претставува патувањата и миграциите на Ромите. Бил прогласен и официјалниот ромски јазик и прифаќањето на називот „Ром“, што значи човек.

 

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе