СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ПРИЛЕП ГО РАСТУРИ ТИМОТ ОД СВЕТСКИОТ ПРВАК КАРЛСЕН

514

Вчерашниот ден, 19 септември 2021 влегува во историјата на прилепскиот шах. Екипата на ШК Прилеп направи подвиг на Европскиот шаховски клупски куп, пандан на фудбалската Лига на шампионите, кој се одржува во Струга. Во 2. коло го растури со 4,5:1,5 тимот на норвешкиот Оферспил за кого настапува светскиот шампион, велемајсторот Магнус Карлсен, инаку отсутен на овој меч. Поединечно, победи постигнаа: индискиот велемајстор, 15-годишниот Гукеш на првата табла, рускиот велемајстор Глеб Дудин на втората, српскиот интермајстор Драшко Бошковиќ на третата и Горан Готовуша на петтата табла.

Од клубот велат дека токму оваа победа на Готовуша била најзначајна, во минутите кога се „кршел“ резултатот, а е постигната со црни фигури против Норвежанецот Ѓердрум Хаген. Половина поен низ реми имаше српскиот интермајстор Стефан Тадиќ на четвртата табла. Во денешното 3. Коло Прилеп, кој е деветти на табелата се среќава со фаворитот, рускиот Медни всадник, петтопласиран.

Останатите македонски претставници имаа различни резултати. Екипата на скопски Алкалоид со високи 5,5:0,5 ја совлада српската Рума. Скопски Гамбит со 1,5:4,5 е поразен од израелската Шева, а Гостивар со 2:4 загуби од исландскиот Рејкавик. Денеска Алкалоид го брани првото место во мечот со шпанската Валенсија, четвртопласирана, Гамбит за противник го има молдавскиот Перфект, а Гостивар игра со шведската Васа. На Европскиот шаховски клупски куп учествуваат 38 екипи.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе