CSS Template

Прилеп: За 7 дена се потроши буџетот за субвенционирање инвертори и велосипеди

278
Avtokontrol1

Јавниот повик за субвенционирање на клима уреди и велосипеди  кој што Општина Прилеп го објави во вторникот 30 ти март заврши денеска. Како што информираат од прес службата во целост биле реализирани средствата за таа намена:  

„Заради констатирана целосна реализација на предвидениот буџет по однос на двата јавни повика на Општина Прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертор и велосипеди за 2021 година, а согласно донесените правилници, од утре, среда 07.04.2021 година, повеќе нема да се примаат нови барања, “ се вели во соопштението.

Инаку предвидената распределба на средствата за таа намена беше по принципот “прв дојден-прв услужен, а повикот требаше да трае цел месец или до искористување на предвидениот буџет. Општина Прилеп лани за прв предведе средства за таа намена, но според градоначалникот Јованоски, интересот тогаш бил помал.  

„Има издвоено 4 милиони денари за клима инвертори, што значи најмалку 400 семејства можат да купат клима инвертори за да добијат субвенции. И минатата година ова го направивме,мислам дека аплицираа околу 350 тина граѓани, иако и лани имаше можност околу 400 да аплицираат, но тој број беше помал. За велосипеди издвоивме 1 милион денари, рече градоначалникот Илија Јованоски, во разговорот за Радио Пела  на 30 ти март, на денот од објавување на јавниот повик.

Граѓаните за резултатите од двата повика ќе бидат известени со објавени листи од барателите кои ги исполниле условите на веб страната и огласната табла на Општина Прилеп .


semm
Farma Dolneni
Vivafarm