СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Во Прилеп одбележан Денот на револуционерната борба, 23 Октомври

182

Со положување на цевќе пред спомениците на Ѓорче Петров и Пере Тошев, делегација од Општина Прилеп предводена од актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, претставници на политички партии, новоизбраниот градоначалник, Борче Јовчески , новоизбраниот претседател на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, претставници од здруженија на граѓани, денеска го одбележаа Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.

„Со положување на цвеќе им оддаваме почит на нашите борци за слобода и независност и го одбележуваме достоинствено овој празник, како што доликува. Овој празник е симбол на долговековната борба и непокорот на Македоснкиот народ за слобода и независност. На овој ден шестемина Македонски дејци беа обединети од една визија, а тоа е вековниот сон за слободна Македонија. 23-ти октомври, 1893 година е ден без кој не ќе се случеа трите Илиндени од 1903та, 1944та и 1991 година.„-напиша на својот фејсбук профил новоизбраниот грдоначалник на Прилеп, Борче Јовчески, по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба на Македонија

Македонската револуционерна организација е формирана на 23 октомври 1893 година во Солун, во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов, а овој ден од 2007 година се празнува како државен празник.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе