CSS Template

Прилеп се збогува од Гоце Илиески, пожртвуваниот борец од Брзата помош

15.069
Avtokontrol1

Центарот на Прилеп денеска беше во знакот на звуците на Брзата помош и возилата на прилепската противпожарна служба ТТПЕ, кои упатија последен поздрав со вклучени сирени со колона од возила за возачот во прилепската Брза помош Гоце Илиески.

Пожртвуваниот борец Гоце, вчера, ја загуби битката со ковид 19. За Гоце Илиески цела Македонија собираше донации за лекување.

Гоце Илиески со Ковид-19 се зарази на работното место, а во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники.

„И покрај желбата на целата нација Илиески, на 42 години, повторно да застане на нозе и да спасува животи тој засекогаш не напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца“, стои во објавата за неговата смрт.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni