CSS Template

Прилеп: 935 активни случаи со Ковид

117

Во општина Прилеп за периодот од 12 до 18 април 2021 година, како што информираат од Центарот за јавно здравје, имало вкупно 277 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 14 лица. Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 935, од кои на болничко лекување се наоѓаат 107 лица, од кои 83 се на кислородна поддршка. Во дневната болница се лекуваат 80 пациенти. 

Во општина Прилеп вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.910, а од почетокот на пандемијата, од корона вирус починалe 378 лицa.  


semm
Vivafarm
Farma Dolneni