ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Проданоски: Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!

499

Прес конференција денеска одржа Дејан Проданоски, кандидатот за пратеник од ИЕ4 од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, на која тој ги покани прилепчани на сенародниот митинг на ВМРО ДПМНЕ кој што ќе се одржи в понеделник на плоштадот со почеток од 20 часот, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп:

На 24-ти април, преку масовна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова, испративте јасна порака за тоа во која насока сакате да се движи Република Македонија.
Времето на безредието и хаосот сите заедно сме решени дека завршува.Одбројуваме само уште неколку дена, кога токму вие граѓаните, конечно ќе ставите крај на владеењето на СДС и ДУИ. Доста е од скандали и афери, доста е од грабеж и богатење на поединци блиски до власта, доста е од национални предавства и понижувања. Се’ што допреа уништија!
Победата од преку 180 000 гласови разлика во првиот круг на професорката Гордана Силјановска Давкова, е само предвесник на промените кои со сигурност доаѓаат. Нема назад.
На 8-ми мај мора победата да е уште поголема. Победата да биде двојна. Конечно на чело на државата да застанат вистински луѓе со знаење и кредибилитет, кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните. Ве уверувам, Македонија ќе биде повторно горда.
Драги прилепчани, чест ми е да ве поканам да присуствувате на завршниот, сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој ќе се одржи во понеделник, со почеток од 20 часот, на плоштадот Методија Андонов Ченто. Да излеземе во уште поголем број и да дадеме поддршка за кандидатите за пратеници од нашиот град. Да ги слушнете пораките кои ќе ги упатат до вас..
Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!
Во среда излезете масовно и заокружете број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, идниот претседател на државата, рече Проданоски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе