СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Промена на директорските позиции во две општински претпријатија во Прилеп

749

Од денеска дојде до промена на директорската позиција во ЈКП „Водовод и канализација“.  На местото на досегашниот директор Емил Јанески, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата, доаѓа Игор Гулабоски кој што е нов вршител на должност директор на ЈКП „Водовод и канализација“ во Прилеп. Гулабоски е инжинер технолог, со над 18 годишно работно искуство во приватна фирма како технолог менаџер.

Во Јавната општинска установа Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ исто така дојде до смена на директорската фотелја. На местото на Мики Крстев доаѓа Благојче Стојаноски кој е новиот вршител на должност директор на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од Прилеп. Тој е дипломиран економист и е од редот на вработените во домот за стари лица претходно на работно место советник за човечки ресурси. 

И двајцата нови директори се назначени на оваа функција од страна на градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе