СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Противпожарно возило, донација за Новаци од Велика Британија

111

Општина Новаци доби мултифункционално противпожарно возило за гаснење на пожари донација од Операција Флоријан . со кои имаат потпишано Меморандум за разбирање и соработка во областа на градење на капацитети и развој на противпожарната служба.

„Возилото,техничката опрема и инструментите кои денес ги добивме како донација од Операција Флоријан ќе ни биде функционална и од голема корист. Целта на донацијата е подобрување на противпожарната заштита во општимата, управување со шумските пожари, едукација и превенција со поддршка на доброволните друштва кои се едни од главните промотори  за заштита од пожари во Европската Унија, како во урбаните средини, шумските и техничките интервенции. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Англиските пожарникари ќе престојуваат во Македонија неколку дена во хуманитарна мисија, како дел од операцијата “Флоријан” и ќе учествуваат во  обуките за локалните пожарникари и доброволни противпожарни друштва.Тие на македонските пожарникари ќе им ја објаснуваат употребата на најновата техника за гасње пожари, а ќе би обучуваат и за учеството и улогата на пожарникарите во случаи на поголеми сообраќајна несреќи или инциденти со пожари на патиштата.

„ Мисијата на Операција Флоријан со донирање на противпожарни возила и опрема во Македонија е започната од пред десеттина година а се спроведува во преку четириесеттина земји во светот. Инструкторите и пожарникарите од Велика Британија што ги довезоа возилата ќе одржат и обука за управување и користење на противпожарните возила и опрема со македонските пожарникари. “ рече Roy Barraclough од Операција Флоријан.

Општина Новаци во иднина ќе се стреми да се подготви за ЕУ регулативите според кои секоја поголема населена средина ќе има организирана противпожарна заштита без разлика дали истата е професионална или доброволна. Според поранешните искуства и шумските пожари кои ја зафатија нашата држава минатата година локалните самоуправи треба да работата на превенција, едукација и детерминирање на ризичните подрачја во општината и регионот со цел спречување или минимизирање на немилите настани.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе