ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Професионален боксерски спектакл во jуни во Прилеп – Про Бокс со најава за уште една незаборавна боксерска атракција (ВИДЕО + ФОТО )

уште еден несекојдневен боксерски спектакл во Прилеп

786

Секретарот и менаџер на Про Бокс Македонија, Дарко Чатлески  најави во дека во текот на месец јуни се планира да се организира голем професионален боксерски спектакл. Целта е после тригодошна пауза конечно да се  врати професионалниот бокс во нашиот град. Во фајт кардот  се одбрани најдобрите боксери од Прилеп . Мартин Крстески со скор од 1 победа и 1 загубена борба во профи рингот , дебитантите Матеј Чатлески двократен шампион на Македонија во бокс и Илчо Костовски кој има 20 борби од кои 15 победени и 5 загубени во аматерски бокс и тоа сите негови борби  ги има реализирано во Словачка.

Во однос на организацијата од Про Бокс најавуваат одлична сценографија , професионално осветлување ,професионален водител, девојки за рунди и музичка програма а најважно од се е што за публиката се загарантирани одлични борби.

Не е исклучена можноста   на оваа професионална боксерска манифестација да се појават и  плус профи боксери од Прилеп. Во програмата е  планирано  да има до 10 професионални борби со боксери од Македонија Балканот и Европа. Најкасно до месец април ќе се знае за датумот,времето и каде ќе се одржи овој боксерски спектакл.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе