CSS Template

РАБОТНИЦИТЕ на КОМФИ АНГЕЛ – Солидарни и хумани пред предизвикот – Предлог бр.11 за најпрестижната општинската награда „3-ти Ноември„

551

Не прекинаа со работа, не останаа без работа, туку само се преструктуираa, и поведоа битка со коронавирусот. РАБОТНИЦИТЕ на Комфи Ангел, веднаш започнаа со производство на заштитни маски за потребите на здравствените работнци и лицата вклучени во спречување на вирусот, кризните штаботи, за волонтерите на Црвениот Крст на Македонија, за потребите на општата популација…

Компанијата , најпрвин аматерски, па потоа сертифицирано, се потготви за новтаа инвестиција –  набавка на нова машина за автоматизирано производство на маски, која овозможи повеќекратно зголемување на производството на заштитини маски, скавандери, штитници,  за потребни за македонскиот пазар, но и за регионот – дел за комерцијални цели, но и дел за хуманитарни .

На стартотот на учебната година „Комфи Ангел“ донираше 25.000 заштитни маски за еднократна употреба за битолските основни училишта за децата кои посетуваат настава со физичко присуство, 15.000 медицински маски за сите ученици во основните училишта во Охрид, кои ја посетуваат наставата со физичко присуство… Донациите не прекинуваат тука, бројни се.. УВ – апарат за заштита од КОВИД 19 за Болницата во Прилеп, заштитни маски за повеќе медицински институции ….

Но, и интересна иницијатива! Дел од средствата кои се добиваат од продажбата на заштитини маски РАБОНИЦИТЕ на КОМФИ АНГЕЛ одлучуваат да ги донираа во ЦРВЕНИОТ КРСТ на Македонија, за работниците кои останале без работа поради пандемијата  .„Вие за мене сте херои на ова време!„- често знае да ги пофали своите работници менаџерката на Комфи Ангел-Прилеп ,Ирена Јакиомовска. И, со право!

Работниците, и покрај пандемијата не престанаа со работа. Свесни за ситуацијата,без прекин создаваат општи добра, го одржуваат и го зголемуваат капиталот, ги зголемуваат своите плати, го одржуваат солидарниот фонд, со кој месечно му се помагаат хуманитарно на еден работник, со средства, за него или за неговото семејство, наградуваат и еден среќен работник преку месечна лотарија.

И, во новонастанатата ситуација, покажаа висок степен на одговорност за заштита на сопстеното здравје и здравјето на другите,  со релативно мал број на заболени, крајно почитувајќи ги мерките на заштита, водени од мисија и визијата на својата компанијата  „Градиме компанија и после нас! „

Мото : Човекот е најголемиот капитл – тој што тоа поскоро ќе го научи, ќе има одлична компаниска култура!


semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Penata