СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

РАДИО ПЕЛА И ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛОТ ВО МЕДИУМСКИОТ РЕГИСТАР НА ДИК ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

224

Во регистарот на медиуми на ДИК се двата медиуми на мултимедијалниот медиум Радио Пела: радиодифузерот, Радио Пела 96,8 ФМ  и интернет порталот, www.radiopela.mk , како пишан медиум, кои ги пренесуваат информациите од прилепска Пелагонија  https://drive.google.com/file/d/11WNj14vyZIbLcs8ZCv2oTs0GLxNL1053/view

Мултимедијалниот медиум Радио Пела со своите содржини главно пренесува информации од настаните и случувањата во општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани  и Долнени, каде можат да се чујат и прочитаат вести, информации и стории од животот на жителите од овие населени места и од активностите и настаните на локалните власти, институциите, спортот, културата…

Мултимедијалниот медиум Радио Пела, е вклучен во Регистарот на ДИК за престојните локални ИЗБОРИ 2021, и согласно законските прописи, ќе им отстапи медиумски  простор на сите политичките партии и граѓански здруженија, учесници во изборната кампања за промоција на свои кандидати за градоначалници, носители на советнички листи и членови на Совет на општините, за да ги презентираат своите ставови и програми преку медиумите на Радио Пела, во рамките на нивните можности и потреби,  со цел граѓаните (гласачите),  кои слушаат, читаат и го следат медиумот РАДИО ПЕЛА на повеќе канали, да изградат свој став и мислење за тоа кому ќе го дадат својот глас на 17 октомври, на денот на одржувањето на ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ.

Инаку,  мултимедијалниот медиум Радио Пела во своето неколку годишно работење (делување) на медиумскиот просторот во Пелагонија, ја има стекнато довербата кај публика, медиум кој со своите содржини, пишани текстови, гласовно и визуелно, ДНЕВНО го слушаат, следат, гледаат и читаат над 10.000 публика, и секојдневно допира со својата објективност, навременост и точност во информирањето до пошироката публика во Македонија и дијаспората. Тој  е медиумски водич во информирањето во Пелагонискиот дел, надополнет со искусна новинарска и техничка екипа и создава можност гласот на граѓанинот да биде чуен и забележан,  и на таков начин да допре до јавноста.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе