ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Шмекерски хит на Даниел Сидовски (JackDaniel&StoryBand) (ВИДЕО – ФОТО)

Нов хит на JackDaniel - Лутам по кафани

199

Кога музиката ти лежи и кога сакаш позитивната енергија да ја преточиш во ново музичко ремек дело , тогаш се е толку лесно и едноставно, одлична песна , супер видео запис и наслов кој е лесен за памтење, “Лутам по кафани”. Тоа е новиот шмекерски хит на Даниел Сидовски (JackDaniel) , вокалот на StorуBand , кој вирално се споделува но и кога ќе се чуе и тоа како се потпевнува. Даниел ни гостуваше во отворената програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  и многу лесно се потсети на моментите за време на снимањето на спотот ,на подршката која ја има околу себе како и на неговиот ангажман досега во музичката кариера. Вели дека ” ако не го исполнам ветеното тогаш тоа не сум јас “.

Популарниот меѓу публиката JackDaniel  смета дека кога човек е сконцетриран на она што го работи со љубов тогаш успехот си доаѓа сам по себе. Романтичен и темпераментен но секогаш во служба на музиката и забавата. “Енергијата што сакам да ја пренесам , сакам да ја почуствува и публиката и затоа ми лежи големата сцена” – вели Даниел.

Сидовски зад себе има реализирано многу музички проекти но она што сака да го направи во наредниот период е реализацијата  на првиот солистички албум и секако еден голем концерт за сите негови пулени. Во продолжение погледнете го и целосниот разговор од неговото гостување во нашата програма.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе