ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ракометарките на Деспина поразени на гости од лидерот Куманово

73

Деспина во натпревар од 7. коло  изгуби  38:27 на гости кај Лидерот во плеј-оф групата во Женската лига, Куманово .

Прилепчанки пружија отпор само во првите десетина минути, додека во останатиот дел, ракометарките на Куманово со доминантна игра стигнаа до убедливата победа, со која останаа на лидерското место во плеј-оф фазата. При резултатот од 6:5, домаќинките направија серија од 4:0 за 10:5 и тука беше јасно дека гостинките од Прилеп ќе имаат тешка задача за рамноправност во овој дуел.

Најефикасни кај Деспина беа  Ангела Камческа со девет и Сања Цветкоска со осум гола а кај  Куманово со по шест погодоци беа Тамара Ивановска и Јована Кипријановска.

Во следното коло, екипата на Деспина на свој терен ќе ја пречека Стружанка.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе