СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Револуција се крева со мотика, а не со оружје!

326

Не би бил напредокот, ако нема револуција. Не би бил човекот, ако не е храната. Како таа се произведува и зошто треба да се промовираат традиционалните, автохтони вредности во земјоделството и кулинарството е идејата на новата емисија „Градината на Филип“ на Радио Пела во рамките на новата програмска шема на мултимедијалниот медиум. Програмата „Радио што се гледа“, во терминот од 17 до 19 часот започна со нови содржини кои се емитуваат на три платформи : видео веб стриминг во живо на Фејсбук, на радио брановите 96,8 ФМ и на интернет радиото Пела.

Со тоа стартуваше единствената емисија во живо во Македонија, која што се занимава со едукација во областа на градинарството, цвеќарството и одгледувањето на домашни животни. Целта на „Градината на Филип“ е да го промовира домашното, традиционалното и еколошкото производство на храна, да понуди и да сподели рецепти за готвење, а воедно остава простор за гостување на различни современи производители на храна кои ја сфатиле и ја промовираат идејата дека: Револуција се крева со мотика, а не со оружје!

Причината зошто оваа емисија се најде на програмската шема на Радио Пела е едноставна – да го разбудиме човечкото во нас: да научиме од каде доаѓа храната, како расте доматот, пиперката, јаболкото, да потсетиме цвеќето да  добие навреме вода и храна, како се подготвуваат бабините рецепти, да не го заборавиме традиционалното и да научиме да ги почитуваме локалните производители – градинари, цвеќари, сточари, млекари …

Водител на емисијата е Филип Димкоски, земјоделски инженер, поет и новинар, кој своите три професинални љубови ги спојува токму во новата емисија – Градината на Филип.

  • Идејата и желбата ни е да ги сплотиме сите производители кои се залагаат за еколошко и традиционално производство и кои сакаат на другите луѓе да им понудат квалитетна храна. Токму затоа, емисијата се емитува во живо и е отворена за комуникација со сите слушатели и гледачи на содржините, а на производителите им овозможува да ги споделат своите искуства и успеси. И не само тоа, туку, тие – производителите, ќе можат  да ги понудат своите продукти кои што ги имаат вишок за продажба, да се пофалат со сработеното, или да побараат совет -вели Димкоски.

Инаку, со новата програмска шема на Радио Пела, покрај редовните содржини, секој работен ден преку социјалната мрежа Фејсбук, се емитува двочасовната програма „Радио што се гледа“ која од почетокот на август стартува од 17 до 19 часот. Покрај „Градината на Филип“ (секоја среда)  тука се редовните  медиумски продукти „Пелагониска хроника“ – вести, емисијата „Одговори и одговорност“ за актуелните општествено – политички случувања од регионот, а стартуваше и емисијата „Спортски журнал“ ( во понеделник и петок) со спортскиот новинар Зоран Игески.

За оние кои не биле во можност да ја проследат првата емисија Градината на Филип тоа можат да го сторат овде

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе