ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Редовните прегледи и консултации пресудни во борбата против карцином кај мажите

161

Во рамките на одбележувањата на „Неделата на машкото здравје“ 11 – 16 ти јуни, Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ организираше настан на платото кај Градскиот саат кој што предизвика голем интерес кај прилепчани. Членови на здружението делеа флаери со информации за фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на рак на простата, кои се симптомите за рак на тестиси, кои се препораките на лекарите за грижа за машкото здравје, за важноста од физичката активност, а беше спроведено и бесплатно мерење на вредности за квантна анализа.

Петра Лукароска, претседателка на Здружението „Филип Лукароски“ посочува дека редовните прегледи на мажите и нивното психичко здравје се најважните фактори во борбата против болестите специфични кај мажите.

Досега искустувото кажува дека многу повеќе иницијативи за зачувување на здравјето се спроведуваат кај женската популација. Во оваа стереотипна машкост во која што живееме денес, мажите ги воспитуваме погрешно, да ги кријат своите емоции, да не кажуваат многу за своите емоции, за она што го чувствуваат, но не можеме да говориме за физичко здравје доколку немаме здрава психа. Затоа тука можеме да ги адаптираме, повеќе да разговараат со своите пријатели, со своите партнерки, со своето семејство, се она што ги тишти доколку имаат потреба и да се обратат на психолог. Затоа што она што ги тишти може да се одрази негативно врз нивното физичко здравје, вели Лукароска.

Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ неодамна во Прилеп промовираше прирачник за машко здравје „Фокусирaj се на себе, за себе”, а активностите продолжуваат со планирани активности и настани и во останатите градови на Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе