ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се асфалтираат градските улици – се крпат ударните дупки

172

Деновиве заврши асфалтирањето на улиците “Ладо Лапецот” и „Круме Волнароски“, со вкупна површина од 3.500м2, се рехабилитираше и улицaта „Пане Талески“, а  нов асфалтен слој добија и улиците ,,Митко Цветаноски” и ,,Кирил и Методиј”, со површина над 2000м2, како и улица ,,Пиринска” во должина од 1100 метри.

 

Санирањето на прилепските улици и нивното асфалтирање започна од крајот на мај, најпрвин со уредување и подготовка за асфалтирање на една од поголемите прилепски улици, ул.„Мукос“, на кои прв пат се интерввенира по 30-40 години откако е изградена. Во меѓувреме, градежната оператива  работеше и на санирање и асфалтирање, на дел од улицата ,,Александар Македонски” на влезот од стариот пат Битола-Прилеп.


„Го уредуваме секој дел од нашиот Прилеп! Изградивме потпорен ѕид и го уредивме за кратко време тротоарот со нови бекатон плочки околу црквата „Свети Димитрија“ во населбата Варош, една од најстарите прилепски населби богата со цркви и манастири. Ова значи подобрување на патната инфраструктура во нашата општина, што за нас претставува приоритет за безбедни и уредени улици. Градежните активности продолжуваат и во наредниот период каде е планирана и предвидена секоја населба во нашиот град. „ изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечески
Според планот и програмата за одржување на локални патишта и рехабилитација на улици за 2023 година  Општина Прилеп има предвидено  да бидат обновени и асфалтирани  над 60 прилепски улици со вкупна површина од 80.000м2.


Паралелно со проектот за рехабилитација и асфалтирање на улиците, Општина Прилеп тековно врши и санација на ударните дупки на најфреквентните сообрајќајници и улици во градот,информираат од Општина Прилеп

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе