ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се уредува Могилата за рекреација и поубави прошетки

118

Денеска во комплексот Могила, вработените од паркови и зеленило при ЈКП „Комуналец„  засадуваа нови садници. Воедно се прават и поголеми реконструктивни обновувања на спортско рекреативните терени на Могилата.

 

Се обновува старата искината и дотраена заштитна мрежа, се прават нови влезови на спортските терени за кошарка и мал фудбал, а во план е целосно да се оспособи и одбојкарското игралиште.

 

Со оглед на тоа што овој комплекс е најпосетуван од прилепчани во текот на целата година, од страна на комуналното претпријатие се води посебна грижа за неговата чистота, зеленилото и засадувањето со сезонско цвеќе.

Инаку, новоизградениот дел во Спортско рекреативниот комплекс – Могила, е на површина од 26.524 м2, додека стариот дел од паркот шума е на површина од 27.577м2.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе