СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Се чистат одводните канали на територијата на Општина Новаци

108

 По барање на жителите, по пријава на апликацијата „Пријави проблем“ поставена на веб страната на општината Новаци, екипа на комуналното претпријатие започна со чистење на каналот обраснат со вегетација. Општинат аима бво план да биде сервис на граѓаните и ги охрабрува жителите секој проблем да го пријавуваа или да се јавуваат во општинските служби. Еден таков случај е денешниот, посочи градоначалник на Општина Новаци Стевче Стевановски.

„Излеговме на терен да го санираме каналот на потегот од раскрсницата кон РЕК  до горниот дел од Новаци, да го исчистиме од обраснатата бујна вегетација по претходно барање на наш жител. Ја имаме потребната механизација ,само истата  треба да се стави во функција, односно треба да се почни да се работи.  Од сега натаму поставивме едно темпо кое ќе го тераме се во интерес на жителите на Општина Новаци.“ – посочи  Стевановски.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе