ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Синоќа биле приведени петмина дрвокрадци и одземени 11 м3 бесправно исечени дрва

363

Kонвојот на дрва кој вчера беше запленет од полициски службеници од СВР Битол (во периодот од 07 до 18.00 часот) со надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп
гоори на засилени контроли на повеќе локации во Прилеп за откривање на случаи на бесправно сечење огревни дрва.

Вчера во повеќе возила биле пронајдени и одземени околу 11 метри кубни огревни дрва, кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а лицата кои ги управувале биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На патниот правец Плетвар – с.Царевиц биле затекнати четири патнички возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва и тоа: патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.С.(35) од Прилеп, а сопатник бил Т.Р.(32) од Прилеп, патничко возило „опел астра„ со
охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(45) од Прилеп, патничко возило „сеат толедо„ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(47) од Прилеп и патничко возило „фолксваген
голф„  со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П.(45) од Прилеп.
На патот кон Вештачкото езеро, во близина на с.Дервен, биле пронајдени две оставени возила „лада нива„, од кои едното било натоварено со дрва. Над манастирот Св.Ѓорѓи биле пронајдени и подигнати бесправно исечени огревни дрва, додека на место викано „Борила“ и место викано „Леково“ биле пронајдени две, односно четири запрежни возила натоварени со огревни дрва.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе