ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Смилеска: Во најоптимални услови, утре ќе проработи системот на парно греење во болницата!

244

На изнесените обвинувања на прес конференцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, реагираше Кети Смилеска, новоназначената директорка на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност. Во тек е отстранувањето на дефектот со стариот систем за парно греење посочи таа:

„  Пред почетокот на грејната сезона во летниот период набавивме на два наврати доволно количина мазут за задоволување на потребните количини за затоплување на болницата. Односно во август набавивме 25 тони мазут  и во септември набавивме 30 тони мазут. На почетокот од грејната сезона го испробувавме системот дали  функционира, кога се случи дефект на главната водоводна мрежа, односно, таа што го напојува системот за парното греење односно котларата. Главната водоводна мрежа била стара 40 тина години и непроменета. Главната цевка пукнала и пристапивме веднаш кон нејзино санирање, односно кон постапка за санирање на таа главна водоводна мрежа. Тоа значи пристапување кон итна набавка по тендер нормално, согласно законските прописи.

Морам да нагласам дека за разлика од едни минати времиња кога не се спроведувале и не се запазувале овие законски прописи, вклучително и за набавка на мазут, заради тоа што се соочуваме со посета од Основното јавно обвинителство и од Службата за борба со организиран криминал, заради тоа што во изминатиот период се набавувал мазут без тендер и се користеле Државните резерви. Во овој случај е запазена постапката за јавна набавка, односно за санирање на оваа водоводна мрежа и набавена е доволна количина на мазут согласно законските прописи, согласно итна постапка за јавна набавка за да можеме тоа да го санираме.

И затоа, во овие моменти котларата не е функционална, затоа што она што значи нејзино напојување со вода во моментов е во дефект и очекувам најскоро, еве сега доаѓам од терен, требаше денеска до пладне, но она што се случува на терен не можеме секогаш да го предвидиме. Така што очекуваме во текот на утрешниот ден тоа да се санира и таа водоводна мрежа да почне да функционира котларата“, рече таа.

Директорката Смилеска рече дека затоплувањето се одвива со клима уреди и други грејни тела.

„Во Болницата како и секогаш има дополнителни грејни тела и ниту еден пациент не се наоѓа во просторија која што не е затоплена. Сите пациенти се наоѓаат во простории каде што има дополнително греење. “ Прекинот во затоплувањето преку котларата е во перидот од 2 недели. Смилеска потенцира дека има доволно мазут за потребите на грејната сезона до февруари, со набавени 50 тони мазут и дополнителни 25 тони за кои во тек е испораката договорена на тендер и се одвива етапно.“

Во однос на финансиската состојба првиот човек на прилепската болница посочи дека сите обврски болницата ги подмирува навремено. Што се однесува на обврските кон вработените таа посочи:

„Морам да нагласам дека нивното право согласно Законот за работа во недела ќе биде испочитувано во оној момент кога Фондот за здравствено осигурување ќе ни ги префрли средствата кои што се наменети за исплата на нивното одработено време, заради тоа што им следува по закон. А согласно буџетот кој што го имавме на почеток на годината не беа тие средства предвидени. Очекувам до петок дека нашиот буџет ќе биде зголемен од страна на Фондот со тие средства кои што треба да им ги исплатиме на вработените за работа во недела, вклучи. Вклучително на сите кои работеле во недела, технички персонал, медицински сестри и доктори. Средтсвата ќе бидат пресметани и исплатени ретроактивно од јануари. До сега до нас нема стигнато ниту една тужба, иако имав најава дека ќе тужат вработени.“

Според Смилеска, болницата тековно ги подмирува обврските и во ниту еден момент не била блокирана од ниту еден добавувач. Што се однесува до состојбата со медицински персонал пред се доктори специјалисти најалармантна е состојбата со одделението рентген каде една докторка е на породилно отсуство, а покриваат двајца  доктори кои што се на одделението и други доктори од Битола и од Скопје. Во моментов 40 тина специјализанти се доусовршуваат но, ќе се враќаат етапно во прилепската болница. Тоа е долг процес така што 27 од нив ќе се вратат во матичната болница во Прилеп по 3 до 4 години.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе