CSS Template

Смилеска: Околу 20 илијади граѓани во Прилеп веќе се имунизирани – од петок имунизација и на деца од 12 до 16 години

848

Како се одвива вакцинацијата во Прилеп? Со која вакцина се вакцинираат прилепчани? Дали теренската вакцинација се одвива според предвидениот план за имунизација во населените места? Дали Прилеп е подготвен за новиот бран пандемија? Но, и за кадровските решенија во болницата? Имаме ли лекарски кадар ? – разговаравме со директорката на ЈЗУ ОБ „Борка Талески“ – Прилеп, со проширена дејност, Кети Смилеска.

(09:56 мин) „Досега во Прилеп се вакцинирани 19. 683 граѓани, од кои со прва доза се вакцинирани 13.974, а 5.700 граѓани се ревакцинирани. Во оваа бројка не влегува имунизацијата од теренската активност за вакцинација која започна на 12 јули во понеделникот во наслените места и ќе трае до 17 јули , со опфат на наслените места од трите општини : Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Очекувам дека бојката на имунизирани лица ќе надмине над 20 илијади со прва доза вакцина и над 6.000 имунизирани лица, со втората доза вакцина, што би било 28 % на имунизирани граѓани, што пак е задоволителен процент на имунизација во Општина Прилеп„.- истакна директорката на ЈЗУ ОБ „Борка Талески“ – Прилеп со проширена дејност, Кети Смилеска во разговорот во емисијата „Одговори и одговрност, одговарајќи при тоа и на прашања од граѓаните.

Од петок вакцина и за деца од 12 до 16 години

(11:10 мин)„Од петок, 16 јули, започнувме и со имунизацијата на деца од 12 до 16 годишна возраст, во согласност на родителите. Подготвени сме во вакциналниот пункт да ги вакцинираме и овие лица и со тоа би се зголемил процентот на имунизирани лица во општинава. Насоките се  пунктовите за имунизација да функционираат се до почетокот на школската година, каде спортските сали ќе им бидат отстпени на учениците. Затоа да се искористат овие пунктови да се факцинираат што повеќе граѓани , бидејќи тие се опремени,току, за масовна имунизација.“-вели Смилеска

Прилепчани се вакцинираат со Синовак

(12:27 мин.) „Во моментот прилепчани се вакцинираат со кинеската Синовак, но очекуваме да ја добиеме вакцината Фајзер за помладит еи Астра Зенека за оние кои се за ревакцинација, со овој тип на вакцина„-рече Смилеска

Во болницата веќе неколку дена нема пациенти заболени од Ковид

„Болницата Борка Талески веќе ги затвори Ковид центрите и болничките одделнија веќе функционираат според намената. За среќа, повеќе немаме лежечки пациентите во Инфективното оддление и модуларната Ковид болница„-посочи Смилеска

Има 26 нововработени доктори – одобрени 36 нови специјализации за прилепската болница

(24:00 мин) „Очекуваме да се вратат „специјалзаните“ кој овој временски период беа ангажирани во ковид центрите и не беа во можност да ја завршат својата специјаизација. Ги очекуваме да го завршат својот специјалистички испит и да се вратат во матичната болница. Минстерството за здравство за среќа вложува во реализирање на кадри и овие денови течи огласот за нови специјализации. Нам ни одобрија 36 специјалзации , од кои 34 се од областа на медицина, а две специјализации во областа на фармација….Ние имаме 26 ново вработени доктори.. Но, се што зборуваме за кадар на доктори , не е само бројка, туку потебно е време,труд и едукација.. – вели во разговорт на темата „подобрување и екипирање на лекарскиот кадар“, директорката Смилеска.


Vivafarm