CSS Template

Снегот пристигна и во Прилеп – што вели временската прогноза?

423
Avtokontrol1

Вечерва врне снег без престан. Плетвар е со тенка снежена покривка, а сообрајќајот се одвива по влажни коловози. Снегот започна да паѓа и во  Прилеп.

Снег има на Маврово, Попова Шапка и на сите повисоки места

Поради продор на студена воздушна маса од север, се очекуваат локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат позастапени во западните делови каде тенка снежна покривка ќе има и на пониските места.

Врнежите ќе завршат ноќта кон петок, кога ќе следува период со значително ниски температури. В петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Најстудено ќе биде наутро за време на викендот кога температурите ќе се спуштат и до -12 Целзиусови степени.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm