ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Снег во Крушево – Многу дожд во Прилеп, а најмногу во Битола

592

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 , Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР.

Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.

Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата. Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата. Во Крушево започна да врне пообилен снег, а снег врне и на Попова Шапка и Лазарополе.

Врмето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа и особено во јужните делови обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе