ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу “- Прилеп, Ваш избор, ваша иднина – Учи паметно, работи стручно (ФОТО)

Отворен ден во СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу за учебната 2023/2024

409

Сакате да се стекнете со добро образование, знаења и практична настава ? Сакате да се стекнете со многубројни награди во полето на економијата и правото ? Тогаш најдобриот избор за вас е ” СОЕПТУ Кузман Јосифоски – Питу – Прилеп “. Прилепското Економско училиште и годинава со отворен ден се претстави пред деветтоодделенците од градот и околината, а за прв пат организираше и турнир во мал фудбал каде беа опфатени околу 150 деветтоодделенци кои покрај натпреварувачкиот дел во училишната сала имаа можност  да го посетат  училиштето и да се запознаат со профилите кои ги нуди оваа образовна институција.

Економски техничар – бизнис администратор – тука учениците се стекнуваат со знаења и вештини кои се карактеристични за современ професионален економист како столб на светските бизнис трендови.

Економски техничар – дуална паралелка – покрај стекнувањето со теоретско знаење училиштето нуди можност за учење во реална компанија и добивање на стипендија од 3500 денари месечно.

Правен техничар – правдината е секогаш патоказ низ животот а во четирите години учениците се стекнуваат со знаења како добро потковани правници.

Техничар за Е-ТРГОВИЈА  и дигитален маркетинг – учениците имаат можност да бидат во тек со технолошките трендови на е-трговијата и дигиталниот маркетинг.

Продавач – референт за продажни услуги/асистент деловен администратор – учениците се стекнуваат со знаења и вештини кои ги поседува еден современ и професионален продавач преку практична работа во вистински компании.

СОУ Кузман Јосифоски – Питу е училиште кое нуди можности за многубројни размени на ученици во странство со проектите на ERASMUS + програмата, а тоа е пак одлична можност за учениците кои ќе се запишат да бидат дел и од ERASMUS + семејството. Како дел од отворениот ден , за прв пат училиштето организираше турнир во мал фудбал а на истиот продефилираа 26 екипи а за најдобрите училиштето обезбеди пригодни награди а со тоа на еден спортски несекојдневен начин со спортска игра  им го доближи и училиштето на деветтоодделенците од градот и околината.

Уште една причина повеќе зошто и каде да го продолжите средното образование. СОУ Кузман Јосифоски – Питу е ВАШ ИЗБОР, ВАША ИДНИНА. А вие учете ПАМЕТНО работете СТРУЧНО.

Среќно идни правници, адвокати, нотари, економисти, креатори на социјален маркетинг и идни бизнисмени.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе