ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Социјалните мрежи како место за родово насилство врз жените и девојчињата

184

Во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчињана 5 ти  декември 2022 година, в понеделник, во 18:30 часот, во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп ќе се одржи настан организиран од Обединетите нации. Годинава тема на кампањата е „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави”.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто, а дискусијата ќе се одвива во однос на тоа како социјалните платаформи станаа места каде се одвива онлајн насилство врз жени и девојчиња, кои се предизвиците и моменталните прилики и кои би биле предлозите и начините за подобрување на состојбата.

Освен панел дискусија, настанот предвидува и музички перфоманс на виола и виолончело на дуото Инфинитас, а водител ќе биде Сашко Коцев. 

Кампањата се спроведува секоја година во период од 25.ноември до 10.декември во организација на Обединетите нации (ООН), Европската унија (ЕУ) и на ОБСЕ.  

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе