CSS Template

Со вонредна одлука на РКЕ од полноќ горивата поевтинуваат за 2 денари

35
Avtokontrol1

Цените на бензините и дизелот ќе се намалат за два денари. Според објаснувањето од Регулаторната комисија за енергетика, ова се случува бидејќи Уредбата за одредување на скалеста акциза престанува со важност од ноќеска на полноќ, а измените на Законот со кои тоа требаше да се спроведе, се уште не се изгласани во Собранието, бидејќи нема кворум.

Според новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.


semm
Turtel
Farma Dolneni
Vivafarm