ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стартуваше театарскиот фестивал за деца Силјан Штркот во Прилеп (ФОТО)

Шумска Болница од велешкиот театар ги воодушеви дечињата!

687

Насмеани детски лица , задоволни родители , полна сала , вака стартувше  третото издание на театарскиот фестивал за деца Силјан Штркот. Со претставата „Шумска болница“ на народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ започна ова несекојдневно  уживање во градот под Марковите Кули. Атмосфера , која на едно место собра толку многу дечиња кои со нетрпение го очекуваа излегувањето на нивните ликови на сцената , мачето, зајакот , пајките , мечката …а секако и Силјан Штркот ( актерот Илија Волчески)  кој ги поздрави  присутните на отворањето на фестивалот.

За време на фестивалските денови публиката ќе може да  ја проследи и претставата Трнорушка , утре од 12 часот на театарот “Трајко  Прокопиев ” од Куманово како и претставата Чунгаловски Пепелашка и Принцот Тортичка од 15 часот на театарот “Ацо Шопов” од Штип.

На овогодинешното издание на фестивалот Силјан Штркот ќе биде промовирана и книгата “Ана и нејзиниот велосипед го спасуваат градот “.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе