ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тила ја продолжува соработката со основните училишта

240

Преку едукација во соработка со училиштита, компанијата Тила продолжува да ја гради взаемната доверба во локалната заедница, промовирајќи ги вредностите на општествена одговорност и женско претприемништво.

„Како се дизајнира облека, што треба да се знае за облеката да биде удобна и да изгледа привлечно, како се шие, колку време треба  за производство на квалитетна детска облека“ – на овие прашања, одговори бараа учениците заедно со нивните ментори од неколку основни училишта од Прилеп и од Кавадарци во погоните на Тила – единствениот производител на детска облека во Македонија.

Како и секогаш љубопитни за се’ што е ново и динамично децата се запознаа со целиот процес од идеја до реализација во ТИЛА, а стручниот тим од компанијата ги водеше етапно низ сите фази.

–  Продолжува соработката на Тила со основните училишта. Во посета ни беа учениците од четврто одделение од ООУМ „Кочо Рацин“, ученици од второ одделение од ООУ „Блаже Конески“ Прилеп и ученици од петто одделение од ООУ „Тошо Велков Пепето“ Кавадарци со цел да се запознаат со процесот на дизајн и производство. Нашиот дизејнерски тим Наташа Шекероска и Ивана Зајкоска, воедно и сопственички на компанијата, ги водеа учениците низ процесот на производство, претставувајќи ја првично идејата на дизајн, па се до краен производ, велат од Тила.

Од компанијата Тила велат на взамна радост и доверба ќе продолжи да се надоградува соработката со училиштата и во наредниот период.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе