ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Три претстави на претпоследниот ден од МТФ „Војдан Чернодрински“

82

Во рамките на 58 издание на Меѓународниот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“, денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде изведена преставата „Диво месо“ од Горан Стефановски на Албанскиот театар од Скопје, во режија на Мартин Кочовски. Исто така, на денешната програма на фестивалот е и штипската „Лекција“ и „Натчовек“ на Драмскиот театар од Варна, Бугарија.

Улогите во претставата „Диво месо“ на Албанскиот театар ги толкуваат Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Џевдет Јашари, Дритеро Аме, Ментор Курти, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Арбен Расими, Генци Мирзо и Хетем Етеми. Веднаш по изведбата на оваа претстава ќе следуваат разговори на тркалезна маса. На сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва ќе следува претставата „Лекција“ во продукција на Motion Network и Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, која е дел од придружната програма на фестивалот.

Улогите ги толкуваат Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов.

На полноќ на големата сцена на Центарот за култура ќе гостува Драмскиот театар „Стојан Бочваров“ од Варна, Бугарија. Претставата е според текст на Сашо Димоски, а во режија на Васил Зафирчев. Олга Панго се погрижи за кореографијата, Филип Коруновски – за сценографијата, а котимограф е Раде Василев. Во рамките на дневната програма на фестивалот, во 11 часот ќе биде промовирана книгата „Антигона“ од Славој Жижек во превод на Марио Стојаноски. За книгата ќе зборуваат режисерот Борис Василески, преведувачот Марио Стојаноски и актерката Ава Хусеини.

Како што најавија организаторите, веднаш потоа, ќе следуваат тркалезни маси за претставите „Едвард Втори“ и „Демонот од Дебар Маало“, што беа изведени синоќа. Во бифето „Аура“, што е пријател на фестивалот, денеска попладне ќе се одржи промоција на книгите „Сон на јаве/ За театарот од овој крај на светот“ од Варја Ѓукиќ и „Нов наратив“ од д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, двете членки на овогодишното жири на фестивалот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе